Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ е основано во 1994 година како Хуманитарна асоцијација за еманаципација, солидарност и еднаквост на жените- ХА ЕСЕ , насочувајќи ја својата работа кон подобрување на состојбата на жената и нејзина поголема застапеност во одлучувачките структури. Работата на асоцијацијата се фокусираше на последиците кои перидот на транзиција ги имаше врз состојабата на жената со посебно внимание на жените во селата и маргинализираните жени. Во нашиот дух е правичноста и еднаквоста, па оттаму и заложбата да ги застапуваме сите жени, без разлика на нивната религија, националност и возраст.
Во 1994 година го спроведовме проектот „Жените и образованието”. Дистрибуиравме учебници за оние кои неможат да ги обезбедат. Во 1995 низа на проекти го означија почетокот на промените; „Жените и здравјето” наменет за Ромската и Албанската жена; „Жените и медиумите” кој овозможи пошироко интерпретација на женските прашања и интереси и „Жените и нивните можности за вработување” овозможија 225 жени од рурални средини да се стекнат со диплома за положени курсеви за шиење во соработка со Републичкиот завод за унапредување на домаќинство.
Во овој период го означивме почетокот на плодната соработка со новоформирани организации; ДАЈА, Лигата на албанска жена, СОС линијата на ОЖС, како и повеќе меѓународни организации. Развивме концепти кои подоцна прераснаа во повеѓегодишни програми-здравствена, правна и едукација за еднакви можности на жените во одлучувачките структури.Структурата на организацијата ја втемеливме со формирањето на Извршниот Одбор во 1995 година.
Во периодот 1996-1998
Од големо значење за нас е токму овој период. Во него се одвиваа низа на процеси во насока на јакнење на организациските капацитетети и капацитетите на вработените. Во годините 1997 и 1998 ги развивме првите годишни програми.Го ставивме камен-темелникот во работата на ЕСЕ- од дотогашното проектно ниво, активностите ги преточивме во програмски линии. Значително ги зголемивме своите активности на полето на лобирање и подигање на јавната свест од повеќе области, преку организирање на кампањи. Ја пренасочивме својата активност кон организирање на едукација на адвокати, правници, политичарки, здравствени работници и преставнички на женски невладини организации активни на полето на еманципација. Преку програмата за здравствена едукација продолживме да работиме со жените од рурална средина.
Во периодот 1998- 2003
Во годината 1998 Хуманитарната Асоцијација ЕСЕ се преименува во Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ со што своето поле на дејствување го проширивме на национално ниво. За прв пат ги развивме своите тригодишни програми и тоа 1998 -2000 и 2000 -2003 година.На овој начин, полесно ги идентификувавме очекуваните резултати, индикаторите за извршените активности како и влијанието постигнато преку нив. Продолживме со развивање на организационата поставеност, јакнење на човечките капацитети и ги унапредивме стратегиите за одговорност и транпаретност во работењето.
Во програмска смисла ги збогативме своите активности со дополнитена тригодишна програма под името “Јакнење на капацитетите на женските невладини организации за здравствена едукација” во соработка со Македонскот центар за меѓународна соработка. Ја отпочнавме работата со жените затворенички, која во овој период се развиваше од нивна психо-социјална поддршка до зголемување на нивните можности за успешна ресоцијализација. Голем дел од едукативните активности ги насочивме кон младата популација.Програмите ги збогативме со компоненти насочени во работа со општата популација.За прв пат во програмата за правна едукација и акција како новина ги воведовме се директните услуги (правни совети и застапување) за жените жртви на семејно насилство. На полето на усвојување на законската регулатива интензивно спроведуваме активности за застапување и лобирање.
Воспоставивме силна организациската структура, вклучувајќи го и Генералното собрание. ЕСЕ во овој период обезбеди сопствени простории за работење и при тоа потполно ги опреми истите. Од тим составен од четири лица, прераснавме во организација чиишто број достигна со десет. Развивме јасно детерминирана и дефинирана структура, при што секој од вработените ги извршува своите работни задачи, соодветно на предвиденото работно место.
Во периодот од 2003-2006
Овој период за ЕСЕ е одбележан како период на собирање на плодовите од долгогодишната работа. Нашата лобирачка активност ја крунисавме со донесувањето на конкретни законски решенија во постојната законска регулатива за проблемот на семејното насилство. Станавме препознатливи како организација која има капацитет да застапува и да лобира за законски измени кои водат до се поголема родова рамноправност во нашето општество. Директните услуги насочени кон жените покрај помошта на жените жртви на семејно насилство ја збогативме со здравствени информации и поддршка во рамките на Женските здравствени информативни центри.Во контекст на оваа компонента, во 2004 година ги отворивме и дисперзираните центри за правна помош, како и Здравствените Информативни центри во Штип и Тетово.Поддржувањето на директните услуги ги остварувавме паралелно со градењето на човечките капацитети на здраствените работници; оддржавме низа на обуки за дизајнирање на здравствено промотивни интервенции, базирани на теории и факти, преку кои ги јакневме капацитетите и мрежата на нашите здравствени соработници.Посебно сме горди на постигнувањата остварени во сите казнено-поправни установи ширум Републиката; со едукативната компонента за „Разрешување на конфликти“, во центарот за обука на затворскиот персонал, обучивме затворски кадри за пренесување на знаења од оваа област. Преку проектот пак „Здравје за сите, здравје за Ромите“ обучивме 16 млади лидери од ромската заедница за право на здравје и здравствена заштита. Годините 2004 и 2005 беа години на низа успешно реализирани кампањи во сите програмски линии на ЕСЕ; преку светската кампања за спречување на насилството,ЕСЕ ја претстави темната бројка за семејното насилство во Македонија пред здравствениот сектор; преку мотото„Девојки, заштитете се“, го одбележавме Светскиот ден за сидата 1 Декемеври.Преку кампањата за достапно здравје, по повод Интернационалниот ден за достапно здравје за жените 28 Мај, ја популаризиравме темата за вулнерабилноста на жените кон ХИВ/СИДА За време на парлеметарните избори во 2004 година, реализиравме кампања во насока на промовирање на жените кандидатки, а амандманот предложен од ЕСЕ за 30% учество на жените на листите беш усвоен со 41 глас во Парламентот.Промоцијата на формалниот и неформалниот систем за заштита на жртвите на семејно насилство го организиравме преку кампањата „16 меѓународни дена на активизам за борба против насилството на жените“.Овој процес, понатака израсна во иницијатива преку која започнавме со изготвување на нацрт-протоколи за семејното насилство.
Во пресрет на најавеното повлекување на најголем број развојни и донаторски агенции од регионот, односно на еден од нашите традиционални донатори, одлучивме да превземеме конкретни чекори во пресрет на најавеното намалување. За оаа цел во јуни 2004 спроведовме процес на стратешко планирање. За нашите понатамошни активности, ги утврдивме идните проритети: давање дирекни услуги на целната група, лобирање за законски измени и фокусирање на едукативни и информативни активности.Оформивме нова програма под името „Женски човекови права” која ги обедини поранешните програми за правна едукација и за борба против семејното насилство. Нашата внатрешна структура ја усогласивме со новите програмски приоритети. Воспоставивме оддел за развој кое ќе биде движечка сила во спроведувањето на стратешката определба и нашата оддржливост.
Во февруари 2005, го добивме статусот на „Национален монитор за насилство врз жените“ преку кој помогнавме во изготвување на www страница како сеопфатна алатка за застапување на интересите на жените во Р.Македонија.
Во текот на 2005-2006,инициравме два значајни процеси во насока на воспоставување на ефективен институционален одговор на семејното насилство; Унификација на граѓанскиот и казнено-правниот систем за заштита и подготовката на Националната програма за семејно насилство.ЕСЕ со овој процес е финансиски поддржано од Американската агенција за развој на САД и Институтот за трајни заедници, а како корисник на грант во групата за застапување и локални партнерства. Во следниот тригодишен период (2006-2009), овие две иницијативи ќе бидат наш составен дел во програмското работење.
ВО ПЕРИОДОТ 2006-2009
Во овој период, ЕСЕ е во фаза на имплементација на својата четврта тригодишна програма, за период 2006-2009.
Преземаме крупни чекори на полето на борбата против семејното насилство преку два процеси; во партнерство со Акција Здруженска го инициравме процесот на Унификација на граѓанско и казнено правниот систем на заштита од семејното насилство. Министерството за труд и социјална политика како наш стратешки партнер превзеде активности за креирање на Национална стратегија за борба против семејното насилство. Спроведовме истражување за феноменот на семејното насилство која прерасна во сеопфатна студија од мулти-дисциплинарен вид.Започнавме две-годишен процес за превенција и сузбивање на семејното насилство во Р.Македонија.За оваа цел, ќе превеземеме низа на активности насочени кон унапредување на системот за заштита на жртвите преку подобрување на квалитетот на постоечките мерки за заштита.Како дел од процесот ќе спроведеме мулти-дисиплинарна едукација за професионалните структури, со што ќе се воспостави единствен координативен систем на заштита на жртвите на семејно насилство. Процесот ќе го реализираме во соработка со Министервото за труд и социјална политика и во партерство со WAVE(Women Against Violence Europe)- од Р.Австрија.
Следејќи го процесот на интензивни реформи во здравствениот систем на Република Македонија, преку програмата Жената и здравјето, обезбедуваме директна помош, но истовремено правиме промени кои ќе ги земат предвид потребите на непривилегираните групи. Во таа насока, подготвуваме сеопфатно истражување помеѓу ромската популација за проблемите поврзани со здравјето, здравственото осигурување и факторите кои влијаат врз здравјето на Ромите.Со тоа ќе создадеме основа за подготовка на стратешки документ, со што ќе придонесеме кон подобрување на здравствената состојба кај Ромите.Состојбата пак на општата популација во однос на репродуктивното здравје ќе ја процениме преку студија која ќе се одвива на целата територија на Р.Македонија, а којашто ќе послужи како насока за креаторите на политиките во оваа област.
Од друга страна реформите на полето на делегирање на авторитети и одговорности од централно на локално ниво, бара дополнителни напори за имплементација на новиот концепт на локална самоуправа. Во таа насока, целиме кон подигнуваме на свеста на локалните заедници за запознавање со процесот на децентрализација и подигање на нивото на соработка помеѓу општините. Особен акцент посветуваме на подобрување на положбата на жените во руралните средини, и нивно вклучување во одредени политички процеси.
|