Здужението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ го развива и помага женското лидерство за развој и спроведување на женските човекови права и социјална правда во нашето општество.
ЕСЕ се води од својата посветеност кон решенија на проблемите. По пат на унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската правда, притоа сметајќи дека претставуваат неделив збир од стандарди кои треба да ги уживаат сите луѓе. Затоа, сме фокусирани на две цели – да се излезе во пресрет на итните потреби на жените, како и да се влијае при креирањето на оддржливи, долгорочни промени. Правиме многу повеќе од документирање и осуда на нанесените неправди на жените во сите сфери на нашето живеење.Работиме со жените врз кои е извршено насилство и чии права се прекршени.На тој начин им овозможуваме да дојдат до правдата и да ги променат условите во кои живеат. Од друга страна, ги менуваме законите и политиките кои влијаат на женските човекови права.
Преку нашите програми за женски човекови права, женско здравје и јавна политика:
- обезбедуваме услуги и поддршка за жените и доколку е потребно за членовите на нивните семејства;
- ги застапуваме човековите права и се бориме за социјална правда;
- истражуваме, нудиме поинакви решенија за едукација на луѓето и ги инспирираме за превземање на акција;
- работиме за правична распределба на ресусите заради одржливост на социјалните промени.
Со текот на годините развивме различни модели за постигнување на женските човекови права:
Застапување на човековите права- Работиме со оние кои ја делат нашата визија за да ги менуваме законите и политиките.
Партнерства за промени- Во партнерство со женските организации го зајакнуваме женското движење и спроведуваме низа заеднички акции за постигнување на заедничката цел.
Едукација- Со кампањи и едукативни настани стасуваме блиску до локалните заедници. Остваруваме низа на едукативни работилници, семинари, зимски/летни кампови и советувања за целните групи на кои им служиме. Вршиме едукација на професионалните структури, со цел зајакнување на нивните капацитети.
|