| |
Menu
|
Работилница “Човекови права во здравствена заштита” – 06.02.2012 - 06.02.2012
Во рамките на проектот: „Човекови права во здравствена заштита“, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ-ЕСЕ во периодот 03-05 февруари 2012 година, одржа работилница на тема “Човекови права во здравствена заштита”. Проектот е финансиски поддржан од Програмата за јавно здравство на Фондациите отворено општество од Њујорк и Фондацијата отворено општество Македонија.
[повеќе] |
НОВОГОДИШНА ЗАБАВА - 25.12.2011 - 06.02.2012
Новогодишните празници се период кога сите ние даруваме и се трудиме да го направиме нашето опкружување посреќно.
И оваа година како и 15 години наназад, Здружението ЕСЕ традиционално организира Новогодишна забава за дечињата на своите клиенти. Оваа новогодишна забава воедно имаше за цел да ја одбележи и да ја потврди нашата посветеност и работа на полето на унапредување на положбата на жената во нашето општество, постигнување на социјална правда и еднаквост.
На 25 декември 2011 година (недела), во Домот на АРМ во Скопје, со почеток во 12 часот се одржа Новогодишен концерт и забава за 90 дечиња и нивните родители. Новогодишната забава се спроведе во два дела, односно едночасовна музичка програма со Супер Ѕвезда и еден час новогодишна претстава и делење на пакетчиња со Дедо Мраз. По завршувањето на забавата се одржа коктел за присутните.
.JPG)
[повеќе] |
НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ НА РАБОТНО МЕСТО - 30.11.2011
Истражувањето на психичкото вознемирување и на сексуалното вознемирување од родова перспектива претставува важен чекор во насока на утврдување на фактичката положба на жената на работното место во јавниот и во приватниот сектор. Недостатокот на соодветни и во доволен обем истражувачки податоци и анализи во однос на овие две појави е причина за спроведување на ова истражување. Дополнително, овие појави не се разгледувани со особена важност ниту од страна на синдикалните организации, кои треба да претставуваат вистински репрезент во обезбедувањето на соодветна заштита на работниците.
Студијата „Насилство врз жени на работно место“ е поделена на две тематски целини соодветни на предметот на истражување, при што секоја од нив содржи податоци за застапеноста и видовите на двата вида на насилство, зачестеноста и последниот инцидент, реакцијата на жртвите и последиците кои овие видови на насилство го имаат врз здравјето на жртвите. Предмет на анализа беше и влијанието на професионалните карактеристики и организациската култура врз појавата на овие видови на насилство.
Врз основа на севкупната анализа произлегоа заклучоци и препораки за унапредување на состојбите во однос на третманот на двата видови на насилство во нашата земја, содржани во третиот дел на студијата.
Истражувањето е финансиски поддржано од CNV Internationaal и е спроведено со помош на Унијата на независни синдикати.
[повеќе] |
ПАРАПРАВНА ПОМОШ И ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИ - 08.11.2011
Во перидот 05-06 ноември, 2011 година во хотел Best Western, Скопје се одржа втората обука за лица кои обезбедуваат параправна помош во рамките на програмата за параправна помош и олеснување на пристапот до системот за заштита на правото на здравствена заштита, здравствено осигурување и заштита на правата на пациенти. Обуката имаше за цел подетално запознавање на параправниците со системот и постапките за заштита на правата на пациенти, правото на здравствена заштита и правата од здравствено осигурување. На обуката параправниците имаа можност да се запознаат со различните видови на поднесоци и нивната содржина во однос на остварување и заштита на правата од областа на права на пациенти, здравствена заштита и здравствено осигурување. Поголемиот дел од обуката беше наменет за практична работа, односно спроведување на вежби и разгледување на примери од споменатите области и утврдување на начин за постапување по истите, вклучувајќи и подготовка на различни видови на поднесоци.

[повеќе] |
Коментари по однос Предлогот на законот за еднакви можности на жените и мажите - 04.11.2011
Имајќи го предвид повеќегодишното искуство во следењето на спроведувањето на Законот од неговото донесување во 2006 година до сега, како и долгогодишното работење на ова поле, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ и Здружението на граѓани Акција Здруженска подготвија коментари по однос на предлог-законот.
Коментарите по однос на содржината на предлогот на законот беа доставени до Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, кој одржа јавна расправа по истиот на ден 25.10.2011 година.
Содржината на предлогот на законот укажува на низа недостатоци. Овие недостатоци покажуваат отсуство на систематска и конзистентна политика и консензус за прашањето на родовата еднаквост и еднаквите можности на жените и мажите во РМ.
[повеќе] |
Пристап до лековите за унапредување на здравјето на жените во Република Македонија - 04.11.2011
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ - ЕСЕ во рамки на програмата за Јавно здравје и здравје на жените спроведе анализа за достапноста на лековите поврзани со здравјето на жените, со посебен осврт на лековите за остеопороза и препаратите со женски полови хормони кои се наоѓаат на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ). Во анализата содржани се наодите, клучните проблеми кои се јавуваат во набавката на овие лекови и препораките за надминување на истите, со цел унапредување на достапноста на лековите.
[повеќе] |
Не дозволувајте Вашите коски да стареат побргу од Вас! - 28.10.2011
Кажи СТОП на остеопорозата СЕГА!
Водени од желбата да излеземе во пресрет на барањата на нашите клиенти и воопшто на сите жени од Македонија, спроведовме низа активности со цел да ги информираме, едуцираме и заштитиме жените од појавата и развојот на остеопорозата. Кампањата се организира по повод светскиот ден за борба против остеопорозата 20-ти октомври. Во пресрет на светскиот ден за борба против остеопорозата спроведовме повеќе активности, меѓу кои: обезбедување на бесплатни бондензитометриски прегледи за жени (50 прегледи), подготвка на информативни материјали- флаери и спроведовме едукативен настан на тема “Научи повеќе за остеопорозата”.Главната цел на овогодинешната кампања е зголемување на свесноста кај жените за превенција, рана детекција и навремено лекување на остеопорозата, особено кај жени кои се во периодот на менопауза. За успешното реализирање на кампањата им благодариме на нашите главни поддржувачи: Civica Mobilitas имплементирана од ЦИРа и поддржана од Швајцарската развојна агенција, Кенди, Дооел Скопје, Прва приватна општа болница Ремедика и медиумскиот покровител Телевизија 24 Вести, како и на нашите останати поддржувачи Спорт Денс Нова и Ритам Плус.
[повеќе] |
ПАРАПРАВНА ПОМОШ И ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО МЕХАНИЗМИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА - 27.09.2011
Податоците од теренските истражувања укажуваат на постоење на дискриминаторски практики во однос на можноста на Ромите за целосно уживање на човековите права, особено на нивното право на здравствена заштита, како и нивниот третман како пациенти, иако медицинскиот персонал го негира постоењето на таквите практики. Оттаму, во 2011 година ЕСЕ започна со процес на воведување на програми за параправна помош во ромските заедници во Шуто Оризари и Делчево, преку кои ќе се олесни пристапот на Ромите до механизмите за заштита на правото на здравствена заштита. Во рамките на оваа програмска компонента ќе се спроведат повеќе активности, меѓу кои: проценка на потребите; ангажирање на основна група на лица за обезбедување на параправна помош;обука на лица за обезбедување на параправна помош; воведување и функционирање на програма за параправна помош; преземање на активности за застапување со цел подобрување на статусот на Ромите и подготовка на годишни извештаи за заштита на правото на здравствена заштита на Ромите во општините Шуто Оризари и Делчево. Во првата половина на 2011 година беа спроведени низа подготвителни активности планирани во рамките на оваа програмска компонента, односно беше спроведена проценка на потребите на Рпомското насленеи во девете општини, беа идентификувани лицата кои ќе обезбедуваат параправна помош и се спроведе почетната/иницијална обука за лицата кои че ја обезбедуваат параправната помош. Почетната/иницијална обука за потенцијалната/пошироката група на лица кои ќе обезбедуваат параправна помош се одржа во временскиот период 01-03 јули, 2011 година во хотел Бистра, Маврово. На обуката присуствуваа Ромина Кајтазова (КХАМ, Делчево); Мерсид Мустафов (КХАМ, Делчево); Санела Абдулова (КХАМ, Делчево); Елвис Ковачев (КХАМ, Делчево); Лејла Ахмед (ЦДРИМ, Скопје); Серхан Ахмед (ЦДРИМ, Скопје); Денис Ибраим (ЦДРИМ, Скопје);Бајрамша Демир (ЦДРИМ, Скопје); Ѓулсефа Ибраим (ЦДРИМ, Скопје) и Ахмет Зекир (ЦДРИМ, Скопје). Покрај групата на параправници на обуката присуствуваа и координаторите кои се одговорни за спроведување на проектните активности во двете партнерски ромски организации, односно Зоран Биковски од КХАМ, Делчево и Али Ибраим од ЦДРИМ, Скопје.

[повеќе] |
РАБОТИЛНИЦА ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СКОПЈЕ - 27.09.2011
Како дел од редовните активности кои ги спроведува МИТ Универзитетот од Скопје и како дел од задолжителните предавања на надворешни експерти во одделни домени, ЕСЕ беше покането да спроведе интерактивна работилница за семејно насилство. На работилницата беа присутни 16 студенти од I и II студиска година, студенти по безбедност и финансиска контрола. Работилницата беше одржана како дел од активностите кои МИТ Универзитетот ги спроведува преку ангажирање на надворешни стручни лица по предметите Виктимологија и Основи на криминологија.

[повеќе] |
Вести и Архива
|
|
|
Menu
|